Милка Минкова
Македонија
МОМА РУБА ТКАЕШЕ ЗА ЉУБОВТА СЕТНА
На разбој си мома седеше,
кошула за Либе ткаеше.
Една на друга страна
ништалка менуваше
име љубено спомнуваше.
Дење ноќе ткаеше
за умор не знаеше
што поскоро руба да исткае
а кога ќе либе дојде незнае.
Желба и е голема
со нова руба да го дочека,
руба од неа исткана
целивана, милувана
од срце дарувана.
Време си минеше
година за година
а либе сеуште нема
да дојде в’своја родина.
Мисла почна да ја гриза
таговина да ја обзема
прашања да поставува
зошто сеуште либе нема.
А руба веќе исткана
накитена со везови од
роден крај,
блеска со својот раскошен сјај.
На чардак мома си седи
кон патот погледи реди,
но неможе ништо да виде,
никој не минува,нит иде.
И многу ноќи на чардак остана,
сон не ја фаќаше
денот година и стана црна мисла ја сјаде
ко црв душа јаде.
Чардакот легло и стана
а мисла ја колваше ко црна врана,
Бела руба в’прегратка држеше,
нежно милуваше
со солзи ја поливаше.
И трета зима мина
и нова пролет дојде
расцутеа овошки,
со цветови во боја
поубави која од која.
Се присети мома
на полјана шарена
како со либе трчаа
низ таа убавина
од Бога надарена
со љубовна сладина.
Сега, се пусто и беше
ништо не ја радуваше
само либе си чекаше
за него копнееше.
По три години лице
и се насмеа,
срце и затрепери
душа и се смири.
Либе си дочека
руба ткана извезана
со љубов дарувана
три години чувана
милувана, галувана
сега на снага му лежи
а на мома на душа
тежина не лежи.
Прегрна мома либе
за рака го фати
низ полјана цветна
двајцата полетаа
да ја продолжат љубовта сетна.